Поддршка: (042) 213-7891

ЈП Комуналец Гостивар


Светозар Пепоски бр. 59
1230 Гостивар, Северна Македонија


Тел: (042) 213-789
Емаил: info@komunalecgostivar.gov.mk


komunelc

Вести

Јули 3, 2023

Светски Ден на Водата

22 Март, од 1993-та со одлука на ООН се одбележува како Светски ден на водата.

Со одбележувањето на овој ден, ОН има за цел зголемување на совеста за заштитата на водата и недостатокот на вода за пиење во многу делови од светот.

Главниот фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на целта за одржлив развој, вода и канализација за сите до 2030 година. Покрај тоа, особено се фокусира на важноста на водата за пиење, преземањето на активности за управување со глобалната криза за вода и подигање на свеста за 2,2 милијарди кои луѓе живеат без пристап до безбедна вода.

Како јавно претпријатие кое се грижи за снабдување со вода за пиење на територијата на општина Гостивар, се стремиме да обезбедиме снабдување со вода за пиење и други услуги на жителите на Гостивар, во градот, во секое село и населба.

Нашите проекти во последните неколку години, со самофинансирање и проекти со меѓународна поддршка како што е проектот SECO, овозможија модернизација на водоводната мрежа во Гостивар, со замена на старите азбестни цевки со нови, изградба на резервоари кои овозможуваат непречено снабдување со оптимален притисок во секој период од годината.

Да ја цениме водата, да бидеме секогаш внимателни и свесни во користењето на водата, да избегнуваме непотребно трошење на водата, особено во летните месеци кога потрошувачката на вода се зголемува.

Ј.П.Комуналец - Гостивар