ЈП Комуналец Гостивар
Светозар Пепоски бр. 59
1230 Гостивар, Северна Македонија
Тел: (042) 213-789
Емаил: info@komunalecgostivar.gov.mk
Е-Фактура
Вести
Јуни 5, 2026
Cоопштение
ЈП Комуналец ги известува сите граѓани дека во наредните денови ќе се спроведуваат засилени теренски контроли на целата територија на Општина Гостивар од страна на овластени лица на ЈП Комуналец, во придружба на општинските инспектори од Одделението за животна средина.
Целта на овие контроли е откривање и спречување на злоупотребата на вода за пиењe, особено за активности како што се наводнување на градини, тревници, како и миење на улици, тротоари, возила и други површини.
Сите случаи каде што ќе биде утврдена злоупотреба на водата ќе бидат предмет на казнени мерки и санкции согласно законот.
ЈП Комуналец апелира до сите жители да постапуваат одговорно и да придонесат кон заштита и рационално користење на водните ресурси, со цел обезбедување непречено водоснабдување за сите домаќинства и деловни услуги во градот.
Архива
Последните Вести
Архива
Линкови