ЈП Комуналец Гостивар
Светозар Пепоски бр. 59
1230 Гостивар, Северна Македонија
Тел: (042) 213-789
Емаил: info@komunalecgostivar.gov.mk
Е-Фактура
Вести
Март 4, 2026
JП Комуналец продолжува со поставување на покриени станици за контејнери за отпад
ЈП Комуналец продолжува со поставување на покриени станици за контејнери за отпад на повеќе локации во градот, како дел од континуираните активности за унапредување на урбаната чистота и еколошките стандарди.
Целта на овие заштитни покриви е:
Одржување на просторот почист и поорганизиран
Спречување на навлажнување на отпадот при врнежи и неповолни временски услови
Намалување на ширењето на непријатни мириси
Заштита на контејнерите од вандализам и оштетувања
Апелираме до граѓаните да ги користат овие простори одговорно и да придонесат кон одржување на чист и уреден град.

Архива
Последните Вести
Архива
Линкови