NP Komunalec Gostivar
Svetozar Peposki nr. 59
1230 Gostivar, Maqedoni e Veriut
Tel: (042) 213-789
Email: info@komunalecgostivar.gov.mk
E-Fatura
Lajmet
Gus. 28, 2024
ДЕМАНТ
Се појавија лажни вести кои укажуваат на астрономска сума на долг кој му се припишува на Јавното претпријатие „Комуналец“ - Гостивар.
Износот наведен во овие вести не ја покажува точно финансиската состојба на ЈП „Комуналец“ и е резултат на пропуст во евиденцијата на финансиските обврски на компанијата.
Во евиденцијата на обврските кон АД „Пошта на Северна Македонија“, наместо долгот од 63.470 денари, се запишани и бројките на долгот од претходниот месец, кој изнесувал 58.520 денари, а наместо износот од 63.470, извештајот бил поднесен со износ од 6.347.058.520 денари.
Значи, вистинската сума на вкупниот долг на ЈП „Комуналец“ изнесува 222.789.109 денари, а не 6.347.058.520 денари.
Транспарентноста и точноста се многу важни за нас, секторот за финансии ја поправи грешката и ќе се погрижи да не се случуваат такви грешки во иднина и ќе продолжиме да ѝ даваме на јавноста точни и проверени информации.
Ви благодариме за разбирањето.
Arkiva
Lajmet më të fundit
Arkiva
Linqe