Работи за снабдување на резервоарот Р2 во рамките на проектот СЕЦО

Работите за изградба на водовод, продолжуваат со голем интензитет во рамките на проектот СЕЦО, за снабдување на резервоарот Р2 во Бањица, со што го решаваме проблемот со водата за пиење за населените места: Горна Бањица, Долна Бањица, Фазанерија, Грудајца, Балиндол, Беловиште, Чајле, Мало Турчане и Стар Балиндол.

Овој проект е досега најголемиот зафат кој некогаш е реализиран за Гостивар.