ЈП “Комуналец” продолжува со изградбата на резервоарот во рамките на проектот SECO

Продолжуваат работите за изградба на најголемиот резервоар за вода во рамките на проектот SECO, со волумен од 5600 м3 во  Здуње, преку кој ќе се снабдуваат населбите Здуње, Форино, Чегране, VII и VIII Зона.

Вредноста на овој проект е  пет милиони евра и е финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Гостивар.