Интензивно се работи за надминување на проблемот со водата за пиење во Дебрешe

Како последица на обилните врнежи од дожд, особено во вечерните часови во Полошкиот регион, изворската вода   доаѓа заматена во резервоарот од кај што се снабдува дел од селото Дебреше. Како резултат на тоа, водоснабдувањето во моментов е прекинато во селото, додека мобилни екипи од ЈП “Комуналец”, со поддршка и на Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, интензивно работат на што поскоро надминување на проблемот.

“Поради природата на проблемот, не можеме точно да процениме колку време ќе треба да го надминеме. Но, ние ќе се посветиме максимално за да тоа се случи што е можно поскоро. За да го надминеме проблемот, ќе обезбедиме вода за пиење за жителите со цистерни од  Противпожарната служба”, вели Исак Лазами, директор на ЈП “Комуналец”.

Општина Гостивар и ЈП “Комуналец” се надеваат на разбирање од страна на жителите на село Дебреше.