Изградба на нова канализациска линија за отпадни води во село Дебрешe

Јавното претпријатие “Комуналец”, започна со изградба на канализација за отпадни води за еден дел од село Дебреше во вредност од 4,5 милиони денари. Директорот на ова претпријатие соопшти дека се елиминирани сите пречки за започнување на градежните работи и дека се прават максимални напори за реализација на градежните активности според предвидената динамика.

“Како што гледате, денеска почнавме со реализација на градежните работи за градење на фекалната канализација за еден дел од село Дебреше. Канализационата линија ќе биде во должина од 800 метри. Проектот се финансира од Министерството за екологија во вредност од 4,5 милиони денари”, истакна директорот на ЈП “Комуналец”, Исак Лазами.

Лазами исто така соопшти дека новата управа успеала да ги надмине сите блокади и дека го прави максимум за реализација на планираните проекти во предвидените рокови. Градежните работи  се очекува да се завршат во рок од 15 дена.