За нас

ЈП Комуналец е основано со решение од Општинскиот совет на Општина Гостивар. Со Одлука бр. 03-1269/1 на Општинскиот совет на Општина Гостивар на 20.12.1989 е основана како јавно претпријатие за комунални дејности Комуналец ЈЧ Гостивар и со истото Решение рег.број. 1606/09 од датум 22.12.1989 е регистрирано во Окружниот суд во Скопје, усогласено со Законот за јавни претпријатија и регистрација Трговски регистар и регистар на други правни лица во склоп на Централниот регистар на РСМ.
Со донесувањето на Законот за јавни претпријатија (1996) и Законот за Комунални дејности (1997) со кои се регулира дејноста на едно претпријатие за комунални дејности како единставено претпријатие за Општина Гостивар.