Директор

Исак Лазами е роден на 26 октомври 1981 година во Гостивар. Основното и средното образование ги завршил во Гостивар.

Во 2005 година дипломира Јавна Администрација во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во 2007 година се вработил во Секретаријатот за Спроведување на Рамковниот Договор во Владата на Република Македонија. Од 2012 година беше вработен во Министерството за Одбрана – Сектор за Политика и Планирање.

Во декември 2017 година од страна на Градоначалникот на Општина Гостивар е назначен на функцијата директор на ЈП “Комуналец” – Гостивар.