Водата во градот Гостивар е безбедна за консумирање

Вода за пиење од системот за водоснабдување во Гостивар е безбедна и употреблива. Според информациите на нашето претприатие која се занимава со одржување на градскиот водовод, надлежните лаборатории кои вршат контрола на квалитетот на водата врз бактериолошката состојба и други анализи, потврдено е дека градскиот водовод е безбеден и здрав.

“Врз основа на дилемите и толкувањата што беа презентирани пред јавноста и граѓаните на општина Гостивар во врска со водата за пиење, Ј.П „Комуналец“ ги известува граѓаните и јавноста дека врз основа на анализата заверена од акредитираната лабораторија за извршување на анализата микробиолошка и физичко-хемиска, водата нема пречки да се консумира, што значи дека е за пиење. Со оглед на дилемите презентирани пред јавноста, побаравме од лабораторијата да спроведе вонредни анализи за да ги увериме граѓаните дека водата е за пиење. Во врска со ова, денес Претпријатието го посетија Инспекторатот на Агенцијата за храна и ветеринарство каде утврдија дека нема неправилности засновани на анализа на вода и утврдивме дека водата е редовна за употреба и потрошувачка. Во оваа прилика ги информираме граѓаните на Гостивар дека можат слободно да ја користат водата за пиење и поширока потрошувачка бидејќи нема никаков проблем во врска со нејзината употреба“, се вели во соопштението на J.П.К „Комуналец“- Гостивар.

Гостивар има доволно водни ресурси, и има 24 часовно водоснабдување, додека мрежа за водоснабдување, која датира од 1954 година, се модернизира преку инвестиции.

Со проектот што општинското јавно претпријатие „Комуналец“ во Гостивар го спроведува со Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија, модернизацијата на мрежата достигнува од 4,6 милиони евра. Проектот вклучува инсталација на нови цевки, поправка на старата мрежа и откривање на дефекти во водоводната мрежа.

Планирано е во иднина преку овој проект, градот Гостивар да биде поделен на три зони и сите овие проблеми да бидат елиминирани, а во текот на следните 30 или 50 години, градот Гостивар да нема проблем со снабдување со вода за пиење.

Инаку, во текот на изминатите две години во регионот на Општина Гостивар, изградени се околу 45 километри нова водоводна и канализациона мрежа.