ЈП Комуналец на терен

Драги сограѓани,
Брзото топење на снегот и дождливото време создадоа комплицирана ситуација во некои населби во градот. Огромната количина на вода поплави неколку улици во различни делови на градот.
ЈП Комуналец е мобилизиран и е на терен со своите тимови за да помогне во поправка на овие природни катастрофи.
Тешкото невреме уште повеќе ја влошува ситуацијата и го забавува отворањето на разни патеки за повлекување на водата.
И покрај тешката ситуација, како и ограничените човечки и технички ресурси, ги молиме нашите сограѓани да имаат разбирање додека нашите тимови работат на терен 24 часа.
Ви благодариме на сите наши сограѓани кои помагаат во саниирањето на оваа природна катастрофа.

You may also like...