Се поставуваат нови корпи за отпадоци низ градските улици

Започна денес распределбата на нови корпи за отпадоци кои се поставуваат низ главните градски улици во градот Гостивар.

Станува збор за проект на Јавното претпријатие “Комуналец” – Гостивар, чија цел е да се подигне нивото на јавна чистота во градот.

“Претпријатието за оваа фаза, е снабдено со 30 нови корпи за отпадоци, бидејќи постојните корпи беа оштетени и нефункционални. Со овој проект имаме за цел да ја подобриме јавната хигиена во градот”, велат од компанијата.

Од ЈП “Комуналец” исто така апелираат до граѓаните, корпите за отпадоци да ги користат во согласност со нивната намена, и во истите да не се фрла и комуианлен отпад од домаќинствата и бизнисите.

You may also like...