За нас

НП “Комуналец” Гостивар е основано од Советот на Општина Гостивар. Со одлука на општинскиот совет Гостивар бр.03-1269/1 од 20.12.1989 година, организирана е како јавно претпријатие за комунални услуги “Комуналец” П.П. Гостивар и со иста одлука број на рег.1606/09 од датум 22.12.1989 година е регистриран во окружниот суд Скопје, хармонизиран со законот за јавни претпријатија и регистрирано во Централниот регистар на РМ како правен субјект.
Со донесувањето на Законот за јавни претпријатија (1996) и Законот за општински активности (1997) се уредува дејноста на претпријатие за општинска дејност како единствено претпријатие за општина Гостивар.